Значи, во однос на штетата, болката, страдањето, смртта што таа ја предизвика, ова е навистина само почеток.

Објавил: Мате Парлоф | 12 март, 2020 20:54

СВЕТСКИ СТРУЧЊАК ПРЕДУПРЕДУВА: Ова е само почеток, КОРОНА ВИРУСOT допрва ќе уништува(видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пандемијата на коронавирус е главна тема низ целиот свет, па затоа не е ни чудо што популарниот американски презентер Џо Роган, во вторникот ја посвети епизодата од своето шоу.

Според хрватски индекс, водителот го поканил, д-р Мајкл Остерхолм, меѓународно признат експерт за епидемиологија и јавно здравје, професор на Универзитетот во Минесота, поранешен пратеник на Министерството за надворешни работи за здравствена безбедност и автор на „Најсмртоносен непријател: нашата војна на смртоносни микроорганизми“ .

За време на интервјуто, др. Мајкл Остерхолм изјави:

„Цела моја кариера ја поминав во следење на заразни болести, обидувајќи се да ги запрам, обидувајќи се да разберам од каде потекнуваат за да не се случат, додаде тој.

На прашањето колку е сериозна епидемијата на коронавирус, која Светската здравствена организација вчера ја прогласи за пандемија, Остерхолм веднаш истакна аспект што честопати се занемарува во епидемијата КОВИД-19:

– Прво, треба да го разберете неговиот тајминг, во смисла дека ова е само почеток. Значи, во однос на штетата, болката, страдањето, смртта што таа ја предизвика, ова е навистина само почеток. Ова ќе се развие со месеци и не мислам дека луѓето сè уште не го сфаќаат тоа.

Иако епидемијата во Кина во голема мерка е стопирана, запишувајќи само 15 нови случаи во цела Кина, освен Хонг Конг во средата, Остерхолм предвидува дека штом се укинат радикалните масовни карантински мерки, коронавирусот повторно ќе започне да се шири таму.

– Ова навистина делува како вирус сличен на грип, нешто што многу лесно се пренесува преку воздух, но сега имаме информации дека доволно е да дишете – вели Остерхолм, и предупредува дека не значи дека бројот на починати ќе биде споредлив со грипот.

„Веројатно најдобрата проценка што ја имаме досега, заснована врз ограничените податоци, е дека ова би можело да биде најмалку 10 до 15 пати полошо од најлошиот сезонски грип“, рече овој експерт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...