Ќе добие ли денес во 11 часот Вицето 18 милиони евра за „техничко чистење на ПЕ Рудници“ на рака, без тендер, од ЕЛЕМ преку РЕК Битола?

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 7:45

СВ Инвест “на Вицeто“ ќе добие 18 милиони од РЕК без тендер?

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Ќе има ли 18 милиони евра за Вицето од РЕК Битола без тендер?

Од ЕЛЕМ на РЕК Битола во ист ден му дале согласност за две идентични набавки за услугата „техничко чистење на ПЕ Рудници“, а она што е скандалозно што едната набавка ќе биде отворена преку јавен тендер кој е објавен јавно на сајтот за јавни набавки, а втората ќе биде спроведена во четири очи со компании на кои им е испратено барање а понуда треба да достават најдоцна до денес во 11:00 часот.

Останува нејасно зошто за истата набавка се отвораат две постапки. Онаа јавната, која ќе оди на тендер, според проценките објавени на сајтот за јавни набавки е проценета на околу 42 милиони денари.

Економски Лидер од свои извори, дознава дека понудата за набавката во четири очи ќе вреди 18 милиони денари, а како што неофицијално и непотврдено дознаваме, ќе ја добие компанијата „СВ Инвест“ која е поврзувана со името на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

Претходно, претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски на прес конференција откри дека камиони од струмичка компанија во сопственост на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, со налепници токму од битолската компанија “СВ Инвест”, се ангажирани за превоз на јаглен во РЕК Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.