Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

Објавил: admin@magazin | 15 октомври, 2023 10:48

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

Уште една фабрикувана лага на ДПМНЕ за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски падна во вода, ДКСК ја потопи целосно.Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски.

Со денови ДПМНЕ водеше хајка со лаги, со манипулации. Сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се потврди дека се голема лага, ништо повеќе. Ништо не се менува во ДПМНЕ, предводена од Мицкоски. Освен блокади и ширење лажни вести, шпекулации и фабрикувани дезинформации ништо друго и не знаат. ДПМНЕ сега најмалку што може е да им се извини на граѓаните за изнесените лаги, велат од СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.