СДСМ убедени дека имаат обезбедено 2/3 мнозинство за уставни измени, ДУИ потврдува но резервирани се до самото гласање додека од ВМРО - ДПМНЕ чекаат да гласаат против

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 14:59

СДСМ и ДУИ: Обезбедени се 80 пратеници за Уставот, но треба потврда на гласање

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од владејачките СДСМ и ДУИ неофицијално велат дека обезбедиле двотретинско мнозинство од 80 пратеници за отворање на Уставот, по иницијатива на владата за уставни измени согласно Договорот од Преспа.

Генерално, имаме обезбедено двотретинско мнозинство, но ништо не е сигурно додека не се потврди на гласање. – изјави пратеник на СДСМ, кој воедно е висок партиски функционер.

И од албанскиот партнер во владата – ДУИ истакнуваат дека начелно обезбедиле двотретинско мнозинство, но се на самата граница на неопходниот минимум.

Осумдесет пратеници се сигурни, ако нешто непредвидено не се случи во меѓувреме. – вели пратеник на ДУИ.

Пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, пак, посочува дека засега нема индицикации дека некој од неговата пратеничка група ќе даде зелено светло за отворање на Уставот.

Скоро сите пратеници сме собрани во Клубот на пратеници и чекаме да почне седницата. – вели тој, додавајќи дека ќе гласа против, според, како што вели, волјата на граѓаните изразена на референдум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.