Дел од сточарите изразија недоверба дека ќе им бидати исполнети ветувањата

Објавил: admin@magazin | 28 март, 2019 10:30

СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите, Николовски да даде оставка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

„СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите. Зоран Заев се што им вети на земјоделците пред избори ги излажа. Поради неисполнетите ветувања на Заев, земјоделците од Велес излегоа на протест. Погубните политики на оваа влада го уништуваат земјоделието и сточарството во Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сточарството и земјоделието се пред колапс. Ниските откупни цени за јагнето се грабеж врз сточарите. Сточарите се уценувани од откупувачите заради негрижата и незаинтересираноста на државата и Министерството за земјоделие. Откупните цени се катастрофални и погубни за сточарите. Сточарите мака мачат додека Министерот се луксузира по хотели со пет звезди на најефзотичните дестинации“, реагираат од партијата.

За ВМРО -ДПМНЕ, оваа влада е синоним за неуспех и политики кои што негативно се одразуваат врз земјоделието низ целата држава.

„Министерот Николовски на чело со Заев и СДСМ мора да поднесе одговорност за очајната состојба во македонското земјоделие. Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Членови на Здружението „Агроцентар“ од Велес поддржани од земјоделско сточарските здруженија од Прилеп, Битола, Преспа и од Овчеполието вчера пеш носејќи пароли и со трактори тргнувајќи од населба Превалец по главната градска улица во Новиот дел на градот, се упатија пред зградата на Подрачната едниница на МЗШВ, каде го одржаа најавениот мирен протест, барајќи повисока откупна цена на јагнињата и побрза исплата на парите за субвенции.

Претседателот на Здружението „Агроцетар“ Митко Јанков на протестот ги информира сточарите дека протестот го ставаат во мирување се до завршување на претседателските избори. Појасни дека вчера добиле ветување од МЗШВ и останатите надлежни институции за експресна исплата на субвенцииите, како и покривање на разликата меѓу производната и пазарната цена за килограм јагне веднаш по завршување на изборите.

„Ни ветија дека субвенциите ќе бидат експресно исплатени на сите и на оние што имале контроли, затоа што ја знаат тежината на сточарите. Тоа ни е ветено од МЗШВ и останатите надлежни институции за земјододелство и Агенцијата за храна и ветеринарство. Јас им верувам и ве повикувам и вас да се стрпите и да почекаме два месеци да се решат нашите проблеми“, потенцира Јанков.

Тој посочи дека МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето и нема да дозволат сточарите да прават загуби. Воедно, информира дека МЗШВ континуирано работи на воспоставување на контакти за нови пазри за извоз на јагнешко и дека веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко на турскиот пазар.

Наковски воедно ги информира сточарите дека откупот на јагниња допрва почнува од 1 април кога е шпицот на сезоната и дека сите јагниња ќе бидат откупени, за што добиле ветување од откупувачите на јагниња.

Дел од сточарите од Свети Николе и од Прилепско изразија недоверба дека ќе им бидати исполнети ветувањата, бидејќи, велат и минатата година им било ветено истото, но не добиле ништо, а дел со недоверба гледаат и на ветувањето за брза исплата на откупените јагниња, за што според некои, се чекало и повеќе месеци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...