Во Велес СДСМ поддршката ќе ја бара со актуелниот пратеник Ненад Коциќ, во Тетово со Хенди Елезовиќ, а во Кавадарци со Горан Тодоров. Од поголемите општини се уште остануваат непознати кандидатите за Битола, Струмица, Куманово и за општина Центар. Тие според најавите на владејачката партија ќе бидат соопштени до крајот на месецот.

Објавил: Владо Марин | 25 август, 2021 20:56

СДСМ со нови имиња за градоналници – Сугаревски за Прилеп, Весковски за Карпош, Коциќ во Велес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ објави 16 нови имињата на кандидатите за градоначалници меѓу нив познати и актуелни!

Доктори, бизнисмени, правници, економисти, информатичари и актуелни политичари меѓу 16-те нови кандидати за градоначалници кои влегуваат во изборната трка со партиска поддршка од СДСМ. 12 од нив се сосема нови имиња, а 4 четворица повторно ќе бараат поддршка од граѓаните да ја водат нивната општина и во следните 4 години.

Поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески е изборот на СДСМ за прв човек на Прилеп. Нови имиња има во скопските општини Карпош и Аеродром. Намсто Златко Марин, СДСМ на претстојните избори поддршка од аеродромци ќе ја бара со пратеникот Александар Филиповски, а во Карпош со директор на скопски водовод Душко Весковски. Актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, пак, ќе добие висока државна функција.

Во Велес СДСМ поддршката ќе ја бара со актуелниот пратеник Ненад Коциќ, во Тетово со Хенди Елезовиќ, а во Кавадарци со Горан Тодоров. Од поголемите општини се уште остануваат непознати кандидатите за Битола, Струмица, Куманово и за општина Центар. Тие според најавите на владејачката партија ќе бидат соопштени до крајот на месецот.

Според, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски овие кандидати се убедливи победници на локалните избори.

Во меѓувреме својата кандидатура за градоначалник на Град Скопје преку Фејсбук ја објави и Актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска. поддршката од скопјани ќе ја бара како независен кандидат, најавувајќи борба против корупцијата и партизираностнаинституциите

Време е да се одбере – празни ветувања, нереализирани проекти или вредни, способни и исполнителни личности кои нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија. Ние како граѓани не бараме многу. Не бараме лажни ветувања кои никогаш нема да бидат исполнети од страна на политичарите. Напротив, ни требаат храбри личности кои ќе ги застапуваат нашите права и привилегии и ќе се грижат за нашите потреби за достоен живот како што заслужува секој еден граѓанин“, вели Арсовска.

Иако нејзиното име наголемо се споменуваше како фаворит на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, сепак потпретседателот на партијата Николски денеска рече дека одлука на кого ќе ја дадат поддршката за град Скопје допрва ќе се носи.

Битката за поддршка од скопјани, веќе извесно е дека Арсовска ќе ја води со актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ и поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска која исто така влезе во изборната трка како независен кандидат на коалицијата „Зелен хуман град“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.