Согласно Преспанскиот договор, Владата го усвои законот со кој се предвидува да се сменат имињата на 136 јавни и државни институции

Објавил: admin@magazin | 2 април, 2019 7:51

„Северна“ осамна и на таблата на владината зграда

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Владата вечерва ја постави плочата со новото име Република „Северна“ Македонија пред влезот на зградата. Називот „Влада на Република Северна Македонија“ е преведено на три јазици, на македонски, албански и англиски.

Таблата е поставена еден ден пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, прв грчки премиер кој доаѓа во официјална посета на државата од осамостојувањето.

 

Од турскиот концесионер ТАВ Македонија велат дека постапуваат по инструкциите што им ги дала Владата. ,,Почнавме да ја имплементираме Одлуката на Владата.

Од „ТАВ Македонија“ го отстранија и споменикот на „Александар Велики“ кој со години стои во средината на терминалната зграда.

„Можеби требаше да се вика „Грција“ за да им се реваншираме на Грците во Солун, затоа што тамошниот аеродром се вика „Македонија“. Но, ние ќе си останеме Македонци.“, изјавија тогаш граѓаните.

Во изминатата година беа отстранети и патоказните табли долж „Коридорот 10“. Автопатот  „Александар Велики“ исто така беше преименуван во „Пријателство“.

Минатата година беше формирана комисија, која веќе работи на ревидирање на учебниците, при што менување ќе има и во Македонија и во Грција.

„Учебници ќе менуваат и двете страни. Тоа ќе биде долг процес, кој почнува со едно нормализирање и пријателство. Комисијата е единствената обврска што се применува и на некој начин се употребува пред ратификациите, пред договорот да влезе во сила. Рокот е кус за формирање на таа комисија, Следните недели ќе треба да се формира комисија, да се најдат вистинските експерти, нивни, наши, тоа ќе биде долгорочен процес“, изјави тогаш министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Со промената, учениците, најверојатно новото име „Северна“ Македонија ќе го учат од следната училишна година која почнува во септември/октомври 2019 година.

Согласно Преспанскиот договор, Владата го усвои законот со кој се предвидува да се сменат имињата на 136 јавни и државни институции. Неколку од нив ќе го добија префиксот „северна“, а некои “национална“.

Владата е во преговори со неколку институции за промена на името, како што се МАНУ и АРМ, чии имиња се уште не се сменети.

На владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.