Функционалноста на економските директори во здравството се покажа неиздржана, но затоа партиската моќ на ДУИ остана непроменета

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 6:40

Седум економски директори на болници од ДУИ, кочница за реформите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Седум економски директори на болници од ДУИ, за кои партијата инсистира да останат на своите работни места, ја кочат идејата за укинување на менаџерите како втори директори во здравствените установи и носењето на измените на Законот за здравствена заштита од кои зависат и други реформи на здравствениот систем што планира да ги спроведе актуелната власт.

Инаку, во праксата се покажа дека економските директори не ја остваруваат основната функција заради која беа донесени, а тоа е да се направат заштеди во болниците и тие да работат рентабилно.

Наместо заштеди, болниците тонат во долгови, а нивното укинување го најави поранешниот министер за здравство Арбен Таравари.

Здравстен дом „Скопје“, Институтот за трансфузиона медицина, Институт за белодробни заболувања кај децата, Институт на медицина на трудот, хируршката болница „Св. Наум Охридски“, Клиника за ревматологија и Клиника за детски болести се здравствените установи во кои се уште има економски директори, кадри на ДУИ.

Економски директори има и во уште 8 други болници, но тие се останати од времето на ВМРО – ДПМНЕ и поради договорите за работа кои им се важечки, уште две години не може да им биде прекинат работниот однос. За тоа да се случи мора да се промени Законот за здравствена заштита, односно економските или организациски директори да се укинат како категорија и со болниците да раководи само еден директор, како што беше порано.

Според неофицијалните информации од министерството за здравство, иако министерот Венко Филипче имал категоричен став дека економските директори треба да се укинат затоа што не ги оствариле целите заради кои биле воведени, сепак ДУИ не го дозволува тоа и инсистира тие да останат.

Ние рековме дека ќе ги укинеме економските директори, но во некои установи се наметна потреба од втор директор заради специфичностите и бројот на вработени – вели Филипче во својата изјава дадена пред некој ден.

Кои се болниците каде се потребни економски директори од МЗ не кажуваат, ниту пак објаснуваат кој ќе биде критериумот по кој ќе се одредува која болница треба да има економски директор, а која нема потреба од ваков кадар.

Неофицијално, пак, се објаснува дека се прават напори на партиско ниво да се најде решение за овој проблем, бидејќи го кочи целиот Закон за здравствена заштита со кој се предвидуваат и други реформи.

Инаку економските директори беа воведени пред 12 години, но во пракса се сведоа на место за здомување на партиски кадри со плати од 1.000 до 1.500 евра. За некои од овие директори во јавноста се шпекулираше и дека прибираат „рекет“ од компаниите кои дистрибуираат лекови, медицински материјали и опрема по болниците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...