Организаторите од Трново порачаа дека за нив не се прифатливи потпишаните договори со Грција и Бугарија

Објавил: admin@magazin | 3 август, 2018 9:26

Семакедонска Илинденска средба – Трново 2018

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во дворот на црквата „Св. Богородица“ во Трново вчера се оджаа 47-та Семакедонска средба Трново 2018 и 38-та Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Беа во организација на повеќе здруженија меѓу кои и Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот Македонски Конгрес и други.

На народниот собир претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески истакна дека нивната организација нема да остане изолирана од актуелните општествено-политички состојби и, како што рече, нема да се дозволи Македонија да биде ничиј заложник.

За претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, неприфатливи се потпишаните договори меѓу Република Македонија и Република Бугарија, и меѓу Република Македонија и Република Грција, како и одлуката за референдум што ја донесе Собранието.

Архимандритот Никодим Царкњаз рече дека Македонија од античко време, па до денес е иста држава, нагласувајќи дека и Филип се родил тука во Битола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести