Погребот на Кирк Даглас најстресно го поднела неговата сопруга, 100 годишната Ен Бајденс со која заедно во брак минале 65 години. Таа паднала од тага кога го испраќале ковчегот 

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 февруари, 2020 11:00

Семејството го испрати Кирк Даглас во вечното почивалиште

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера на гробиштата, Меморијален парк „Village Westwood“ во Лос Ангелес, беше погребан легендарниот холивудски глумец кој почина на 103 години, Кирк Даглас.

Кирк Даглас почина пред два дена а тажната вест ја објави неговиот син холивудски актер, Мајкл Даглас. Кирк Даглас е роден како Исур Даниелович Демски, а пред да стане актер сменил дури 40 професии. Првиот оскар го добил 1949 година за филмот ,,Шампион’’

Погребот на Кирк Даглас најстресно го поднела неговата сопруга, 100 годишната Ен Бајденс со која заедно во брак минале 65 години. Таа паднала од тага кога го испраќале ковчегот 

На погребот присуствувале сите блиски пријатели на холивудската легенда, но и синовите Мајкл (75), Џоел (73) и Петер (64), снаата познатата актерка Кетрин Зета Џонс (50), и внуците.
Погребот го водел рабинот Дејвид Волп(61) кој 25. години бил пријател со Кирк.

Ја имав таа привилегија покрај неговиот кревет да му рецитирам на хебрејски и да му дадам последен причест. Последните денови беше дома, окружен со семејството, во куќа полна со цвеќе, држејќи се за раце со саканата сопруга, рекол Волп.

Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година во градот Амстердам во сојузната држава Њујорк. Родителите му биле еврејски мигранти од Белорусија. Живееле сиромашно и бедно, а по влегувањето во Американската Морнарица тој го променил името во Кирк Даглас. Тој е добитник и на награда за животно дело. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.