Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син, познатиот актер Мајкл Даглас, велејќи дека за него и за неговите браќа тој бил само ТАТО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 февруари, 2020 9:56

Замина уште една легенда: Почина холивудскиот актер Кирк Даглас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светот изгуби уште една легенда. На 103 години синоќа почина легендарниот холивудски актер и продуцент Кирк Даглас.

Кирк Даглас е роден 9 декември 1916 година. Во неговата кариера играл во 95 играни филмови, а продуцирал повеќе од 30. Добитник на почесен „Оскар“ за животно дело.

Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син, познатиот актер Мајкл Даглас, велејќи дека за него и за неговите браќа тој бил само ТАТО.

-Со огромна тага, јас и моите браќа, ви соопштуваме дека Кирк Даглас денеска нè напушти на возраст од 103 години. За светот тој беше легенда, актер од златната дома на филмовите, кој доживеа златна возраст, хуманитарец чија посветеност на правдата и каузите во кои веруваше поставија стандард кон кој сите целевме. Но, за мене и за моите браќа Џоел и Питер, тој беше едноставно Тато, за Катрин прекрасен свекор, за неговите внуци и правнук сакан дедо, а за неговата сопруга Ен прекрасен сопруг. Животот на Кирк беше добро проживеан и тој остава филмско наследство што ќе остане и за генерациите кои доаѓаат и минато како прочуен филантроп кој работеше за да помогне на јавноста и да донесе мир на планетата. Дозволете ми да завршам со зборовите што му ги кажав на неговиот последен роденден и кои секогаш ќе останат вистина. Тато, те сакам многу и сум горд што сум твој син, напиша Мајкл на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.