Продукциската куќа Ворнер Брос потврди дека снимањето на „Бетмен“ е привремено запрено и оти „еден член на тимот“ бил позитивен на Ковид-19, но не откри за кого станува збор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 септември, 2020 11:08

Холивудскиот шармер Роберт Патинсон позитивен на коронавирус, снимањето на „Бетмен“ прекинато

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот холивудски глумец и шармер Роберт Патинсон е позитивен на тестот за коронавирус. Веста неофицијално ја, пренесуваат „Венити фер“ и „Холивуд рипортер“, повикувајќи се на неименувани извори.

Само неколку дена со повторното отворање на студиото близу Лондон, Англија, мораше повторно да се прекине снимањето на новиот филм „Бетмен“, чија промоција треба да биде во октомври наредната година.

Продукциската куќа Ворнер Брос потврди дека снимањето на „Бетмен“ е привремено запрено и оти „еден член на тимот“ бил позитивен на Ковид-19, но не откри за кого станува збор.

Прикажувањето на филмот е закажано за 1 октомври 2021 година. 

Роберт Томас Петинсон е англиски актер, модел и музичар. Најпознат е по улогата на Едвард Кален во филмската адаптација на Самрак, базиран на романот на Стефани Мајер, а и по улогата на Седрик Дигори во Хари Потер и Пламениот пехар.

Петинсон е роден во Лондон, Англија. Неговата мајка, Клер, работела во модна агенција, додека пак неговиот татко, Ричард, увезувал старомодни автомобили од САД. До својата тринаесетта година учел во музичкото училиште Tower House во Лондон, а потоа своето образование го продолжил во елитното приватно училиште Harrodiаn School.Се приклучил во аматерски театар преку Barnes Theatre Company. Откако се здобил со некое искуство, започнал со глумечки улоги. Го привлекол вниманието на глумечки агент за време на продукцијата на Tess of the D’Urbervilles и започнал со барање на професионални улоги. Оттогаш има изведувано во аматерска верзија на Магбет, а и се обидел и со манекенство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.