Проклетството на светскиот шампион продолжува – по Италија во 2010 и Шпанија во 2014, актуелниот светски шампион испадна во групната фаза

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 19:39

Сензација на Мундијалот – Германците понижени од Јужна Кореја

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сензација на Мундијалот во Русија – светскиот шампион Германија не успеа да ја мине групната фаза, а денеска ѝ пресуди селекцијата на Јужна Кореја со триумфот од 2-0!

Проклетството на светскиот шампион продолжува – по Италија во 2010 и Шпанија во 2014, актуелниот светски шампион испадна во групната фаза и на овој Мундијал, па фудбалот ќе добие нов владетел!

Кобна за Германија денеска беше Јужна Кореја, која го доби натпреварот со два гола во финишот на натпреварот, иако Германците доминираа и имаа низа шанси при 0-0 кои не ги искористија.

На Германците во полза им одеше и резултатот на вториот натпревар, каде Шведска го совлада Мексико со 3-0, па така Мексиканците висеа до последен момент, бидејќи со триумф на Германците ќе беа елиминирани.

Германскиот национален фудбалски тим е основан во 1908 година

Инаку Националната екипа на Германија  е владеачки светски шампион и победник на Купот на конфедерации. Таа е една од најуспешните национални тимови во светот. Таа беше четири пати светски шампион (1954, 1974, 1990 и 2014 година), трипати европски шампион (1972, 1980 и 1996 година) и еднаш победник на Купот на конфедерации (2017). Исто така постојат бројни полуфинални натпревари и финалиња на светско и европско првенство. Националната фудбалска екипа е десет пати изгласан за германски тим од годината и е лидер во оваа статистика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...