Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.

Објавил: Едмонд Бекири | 14 март, 2019 22:56

Сепак ке има телевизиски дуел Мицкоски – Заев овој пат на Канал 5?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност. Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук

» Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања. Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми. Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!

Мицкоски уште во декември минатата година го повикуваше Заев на Дуел. Додека пак Заев велеше, дека прифаќал телевизиски дуел во кое било време и во кој било медиум со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски само доколку тој претходно се изјаснел дали е за членство во НАТО и ЕУ преку прифаќање на Преспанскиот договор, а ако не е за тоа, треба јасно да го каже и да понуди алтернатива.

» Подготвен сум во секое време и на секое место да дебатирам со Мицкоски, но чесно е тој да го каже својот став-дали е за членство во ЕУ и НАТО со поддршка од Договорот од Преспа и ако не е да ја каже алтернативата. Тогаш нека го избере медиумот, денот и терминот. Јас сум подготвен за соочување зашто тоа е демократски чин, изјави Заев по националната конференција за децентрализација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.