Николоски изјави дека со брзи измени на Законот за земјоделство и рурален развој в понеделник ќе биде донесена одлука со која државата ќе го преземе долгот кон лозарите.

Објавил: Перо Милчин | 3 февруари, 2019 13:52

Се договориле со Заев дa купат гласови со народни пари ?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска во Кавадарци изјави дека со премиерот Зоран Заев се договориле во четвртокот на посебната владина седница, одлуката за исплата кон лозарите од над 1,5 милиони евра да биде донесена пред распишувањето на изборите.

Министерот за земјоделие Љупчо Николоски изјави денеска дека во изминатиот период биле констатирани долговите кон лозарите за грозје откупено во претходните неколку години.

Исто така рече дека владата смета дека нема повеќе време да чека и дека мора да се исплатат сите пари на лозарите. Николоски изјави дека со брзи измени на Законот за земјоделство и рурален развој в понеделник ќе биде донесена одлука со која државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за грозје предадено пред неколку години, за да бидат исплатени во најкус можен рок, а постои можност потоа државата да си го врати тој дел од откупувачите должници.

– Правна можност постои и со премиерот договоривме во четврток на посебна владина седница, оваа одлука да биде донесена, пред распишувањето на изборите. Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, да се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра, изјави министерот за земјоделие.

– Недозволиво е тоа што го правеле во минатото некои регистрирани субјекти кои откупувале грозје и го ставале под залог, правеле вино и извезувале, а грозјето не го плаќале. Затоа во изминатиот период заедно со пратениците, градоначалниците, директори на институции, баравме решенија на многу средби. На 1 јуни 2017 година „Повардарие” должеше приближно четири милиони евра. Денеска е околу еден милион. Сметаме дека нема повеќе време да чекаме за лозарите да бидат исплатени, дециден беше Николовски.

Митко Јанчев градоначалникот од Кавадарци  рече дека задоволството е многуогромно, пред се за неколкуте општини од Тиквешијата и градоначалниците а исто така дека ова е многу добро што се реши во без период.

– Веќе имаше гнев поради неплатени обврски кон лозарите повеќе од четири години. Добро е што ова сега се реши во така брз период, што за мене претставува гордост. Сите кои учествуваа во овој процес напорно работеа како за свои пари, за да може да се обесштетат лозарите. Добро е кога сите сме задоволни, нагласи Јанчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.