Имено тој вели дека воопшто и не бил во директен контакт со заразени лица, а како што пренесуваат српските медиуми тој се сомнева дека се заразил во еден од маркетите во Белград.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2020 10:26

Се заразив од корона во маркет – Срѓан има важна порака за сите нас!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Србинот Срѓан Тошиќ (44) е еден од заболените со коронавирус. Тој моментално е на лекување во болница во Крагуевац и открива застрашувачки факт за тоа како всушност се заразил.

Имено тој вели дека воопшто и не бил во директен контакт со заразени лица, а како што пренесуваат српските медиуми тој се сомнева дека се заразил во еден од маркетите во Белград.

„На почетокот почувствував омалаксаност, а потоа и температурата која ме скрши, не можев да гледам ниту да седнам, растеше од ден на ден, и така шест дена додека не ме примија во Здравствениот центар. Ми дадоа инфузија и диклофен инјекција, тогаш бев подобро, но преку ноќ повторно ми се врати температурата која едноставно кршеше сè во мене, не можев да гледам со очите. Имав воспаление на градите, отежнато дишење, температурата варираше од 37 до 39,4 “, објасни пациентот Срѓан Тошиќ.

Срѓан вели дека е најср.еќен поради тоа што коронавирусот не го пренел на својот син и на сопругата кои се во самоизолација.

Според него имунитетот е најважен фактор за тоа дали коронавирусот ќе ве одмине, или пак доколку се заразите колку силни симптоми ќе имате.

„Повеќето пациенти тука кашлаат, јас не. Го изгубив мирисот и вкусот, но од пред неколку дена почнав да јадам и да чувствувам. Добиваме витамини и некои лекови за маларија. Како што одминуваат деновите, станува сé полесно “, рече Срѓан

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.