Имено денеска семејството на прекрасната македонка се прошири за уште еден нов член.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2019 12:31

Се породи Катарина Ивановска, на ќерка си и даде име по нејзиниот татко

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голема радост во семејството на познатата македонска мнекенка и топ модел Катарина Ивановска.

Се породи Катарина Ивановска, на свет ја донесе малата Кира

Имено денеска семејството на прекрасната македонка се прошири за уште еден нов член.

31-годишната манекенка го роди своето второ дете. На бебето му дадоа интересно име, па така  ќерката ќе се вика Кира, по нејзиниот татко Кире Ивановски. Таткото на Катарина е поранешен ракометар кој играл за „Вардар“ и за репрезентацијата на Југославија.

Познатата манекенка, која неодамна го прослави 31. роденден, со сопугот Цобе го имаат двегодишниот син Вања а убавата вест за новиот член во семејството ја сподели нејзината пријателка Тамара Тодевска. 

Во интервју за порталот мајка и дете, Катарина Ивановска по породувањето со нејзиниот син Вања, откри дека го дои, сама го бања, но секогаш има помош и поддршка од партнерот истакнувајќи дека и двајцата се создадени да бидат родители. Според ова може да се заклучи дека тие одлично ќе се снајдат и со новиот член нивната ќерка Кира.

Инаку Катарина Ивановска беше физички активна и во последниот триместар од втората бременост. Таа секојдневно беше во теретана и откри дека во втората бременост покачила само 4 килограми.

Катарина пред неколку дена го прослави својот 31. роденден, па ова е нејзиниот најдобар подарок со мало задоцнување.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.