Словачката армија ја приземји својата флота на авиони Миг-29 сè додека не се утврди причината за несреќата.

Објавил: Перо Милчин | 29 септември, 2019 13:23

Се сруши словачки Миг 29, пилотот преживеа!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Воен авион од советско производство Миг-29 од составот на словачките воздухопловни сили се урна за време на обука, на 100 километри источно од Братислава.

Како што соопшти Словачкото Министерството за одбрана пилотот успеал да се катапултира пред несреќата и е хоспитализиран во стабилна состојба, надвор од животна опасност.

Словачката армија ја приземји својата флота на авиони Миг-29 сè додека не се утврди причината за несреќата.

На 25.07.2019 година авион на азербејџанското воено воздухопловство Миг-29 се урна во Каспиското Море, а пилотот се водеше како исчезнат, соопшти тогаш азербејџанската армија.

Армијата соопшти дека авионот, кој бил на тренажен лет, одеднаш исчезнал од радарите.

МиГ-29 е уште еден многу познат борбен авион, кој е произведен во голем број на примероци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести