Тестираниот број е 1.767 лица.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 април, 2020 13:26

Словачка има најмала смртност од корона во Европа: Од почетокот на пандемијата починаа 20 лица!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден месец и половина по регистрирањето на првиот случај на вирусна инфекција во Словачка, со население од 5,5 милиони, стапката на смртност е најниска во Европа.

Во последните 24 часа, во Словачка се регистрирани два нови смртни случаи, а вкупно се починати дваесет лица.

Регистрирани се и тројца нови пациенти, вкупно заразени 1.384 лица, објави Националниот центар за медицински податоци, јави ТАСР.
Тестираниот број е 1.767 лица.

Словачка, наводно, ги затвори сите училишта, продавници и граници меѓу првите во Европа веднаш по Италија.

Граѓаните започнаа да носат маски дури и пред Владата официјално да ја воведе како задолжителна превентивна мерка, а регионот на Братислава, плашејќи се од италијанското сценарио, ги затвори училиштата два дена откако беше регистриран првиот случај на инфекција.

Според научниците, клучната беше брзината и заштитата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.