Невремето нафрли големи количини камења на патиштата

Објавил: Данаил Михајловски | 3 октомври, 2018 16:40

Силно невреме на Хвар – поплави и пијавици

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Силно невреме со обилни врнежи во вторник го зафати хрватскиот остров Хвар, поради што бројни куќи и пристаништа беа поплавени.

До 22 часот хрватските пожрникари 15 пати испумпуваа подруми, апартмани, угостителски и трговски објекти, а падна и ѕидот на хотелот „Амфора“, пренесоа хрватските медиуми.

Како што наведува, невремето нафрли големи количини камења на патиштата, поради што итните служби имале многу работа.

Најмногу дожд падна во периодот меѓу 17 и 20 часот, кога паднаа стотина литри дожд по квадратен метар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.