Според последната објавена анкета за претседателските избори

Објавил: Узунов Бобан | 7 април, 2019 18:06

Силјановска води пред Пендаровски кај Македонците

Фото/Текст извор: ©магазин

33,5% Македонци својот глас ќе го дадат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, а 35,8% би го заокружиле бројот 2 пред името на професорката Гордана Силјановска – Давкова. Само 0,2% Македонци својот глас би му го довериле на претседателскиот кандидат Албанец, професорот Блерим Река. 

На првиот ТВ дуел помеѓу претседателските кандидати кој се одржа на ТВ Телма, општиот впечаток на јавноста за победник беше Гордана Силјановска-Давкова. Новинарот Боби Христов отвори анкета на неговиот твитер профил на кој според гласовите убедливо водеше Силјановска-Давкова, по што Христов истата ја избриша.

Никој од Албанците, пак, не би гласал за професорката Силјановска, но дури 17,9% од другите националности ѝ веруваат на професорката по уставно право, а само 14,3% за свој претседател го гледаат кандатот на владејачката коалиција, Пендаровски. Река не би добил глас од другите националности, покажуваат резултатите на оваа анкета 

Испитаниците Македонци ќе заокружат број 2 на гласачкото ливче на претседателските избори на 21 април, односно ќе гласаат за кандидатката за претседател на Република Македонија Гродана Силјановска – Давкова, а Албанците, пак, ќе бираат меѓу кандатот на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски и независниот претседателски кандидат поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, професорот Блерим Река.

Овие проценти се резултат на телефонската анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведена од 23 до 27 март годинава на репрезентативен примерок од 1110 испитаници од целтата држава.

Анкетата на ИПИС ја презентира политичкиот магазин „Детектор“ на ТВ Сител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.