Дури 74 проценти од граѓаните се против брзи избори на кои инсистира претседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2020 11:50

НАРОДОТ ВЕЛИ НЕ ЗА БРЗИ ИЗБОРИ- Заев се бори за спас на неговата фотелја!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Дури 74 проценти од граѓаните се против брзи избори на кои инсистира претседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев.

Според анкетата спроведена од Институтот “Habeas Corpus” кој е дел од истоимената граѓанска асоцијација, и кој разработува прашања од правниот и политички систем, кои во својата анкета вклучи 1 203 испитаници во периодот од 13 мај до 16 мај 2020 година, 74% од граѓаните се против брзи избори во време на коронавирус, а само 14% ги оправдуваат. 12% рекле не знам или не се изјасниле.

При истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците.

На следното прашање во однос на тоа дали се очекува зголемување на на коронакризата со оддржување на брзи избори, позитивно се изјасниле 66% од испитаниците. Само 7 % од испитаниците се согласуваат со Заев и СДСМ, па рекле НЕ.

18% од испитаниците сметаат дека короната ќе излезе од контрола.

Последното прашање од ова истражување е „Дали би излегле со маска и ракавици на избори“?

Дури 71,8% од граѓаните рекле дека НЕМА да излезат на избори. Дали е всушност ова најголемата причина поради која Заев притиска за брзи избори?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести