Идлиб е последното големо упориште на бунтовниците во Сирија, следбеници на Хорас ел Дин која е поврзана со Ал Каеда а ја имаат само поддршката од САД

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 8:16

Сириските екстремисти не го прифаќаат Договорот помеѓу Русија и Турција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Екстремистичката група Хорас ел Дин или Чувари на религијата соопшти дека нема да го почитува Договорот постигнат помеѓу Русија и Турција.

Договорот меѓу двете земји за мир во Сирија беше постигнат за воспоставување на демилитаризирани зони во сирискиот регион Идлиб, додавајќи оти нема да се повлече од тоа подрачје.

Хорас ел Дин наведува дека Договорот за воспоставување на зони до 15 октомври е “голема завера” и го повика своите следбеници од целиот свет да дојдат во Сирија “да му помогнат на народот во Левант”.

Идлиб е последното големо упориште на бунтовниците во Сирија додека Хорас ел Дин е поврзана со Ал Каеда што е контрадикторно затоа што ја има целокупната поддршка на САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести