СДСМ уште не го разреши началниот од полиција кој криумчареше мигранти бидејќи бил на боледување, откога ќе се врател од боледување кое патем може да трае со години ќе го разрешеле

Објавил: admin@magazin | 24 март, 2019 13:00

Скандалозно – Власта штити криумчари на мигранти

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

СДСМ наместо да се борат против, тие се борат за криумчарење на мигранти низ Македонија. Началникот на штипската полиција сѐ уште е на таа позиција, иако е фатен во криумчарење на мигранти, реагира ВМРО-ДПМНЕ по објавата на владејачката партија дека е забележан напредок во спречувањето на криумчарењето мигранти.

Македонските медиуми објавија и дека началникот бил информатор и негова задача било да ја информира групата за полициски патроли на патиштата.

„Патем останува нејасно за какви и чии статистики говори СДСМ бидејќи во своите соопштенија ниту еднаш не го користи терминот Македонија. Сето ова покажува со каков криминален и однароден картел на власт си имаат работа граѓаните. Тоа мора да престане. Почетокот на крајот на заевизмот ќе бидат претстојните избори кога граѓаните јасно ќе ја казнат оваа криминогена структура“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Минатиот месец, началникот на штипската полиција беше посочен како еден од осомничените во групата која криумчарела мигранти.

Македонските медиуми објавија и дека бил информатор и негова задача било да ја информира групата за полициски патроли на патиштата.

Неофицијално му е беше изречена мерка на претпазливост, но официјални информации засега нема.

На единасетмина од вкупно 21 осомничено лице скопскиот Основен суд им одреди мерка притвор, а на останатите, судија на претходна постапка им одредил мерка на претпазливост, откако вчера при претрес на дваесет објекти во Скопје, Штип и Струмица беа пронајдени и привремено одземени 12 патнички возила, мобилни телефони,сим картички,оружје и пари.

Групата била поврзана со криминална група од Грција, а мигрантите се преземале во близина на Дојран и Гевгелија. Крајна дестинација им биле државите од Европската Унија. Групата била формирана во мај минатата година.

Прво дејствувале само петмина, но потоа им се приклучиле уште 15лица. Сите членови имале задачи. Дел од нив билетранспортери, информатори,чистачи кои преку вибер и ГПС координати информирале за евентуални патроли на рутата по која се движеле. За возврат мигрантите плакале од 150 до 300евра по лице, а криминалната група ги пренесувала до куманско-липковскиот регион, па оттамму кон Србија и држави на Европската Унија.

Инаку, вчера власта се пофали дека според официјалните податоци, во 2018 година, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти во земјата.

Националната агенција за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе формирана од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство дава реални резултати. Институциите се трипати подобри и поефикасни во спречувањето на криумчарењето и трговијата со луѓе.

МВР со своето ефикасно и професионално делување, покажува како се работи во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести