Факти кои може да ве наведат на заклучокот дека дури и оперските пејачи се богатат на вашиот грб. Погледнете и проценете!

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 6 март, 2020 18:13

СКАНДАЛ ВО КУЛТУРА: ДАЛИ ОПЕРСКА ПЕЈАЧКА СЕ БОГАТИ НА СМЕТКА НА ДРЖАВАТА?

Фото/Текст извор: ©магазин

Познатата оперска пејачка Весна Ѓиновска-Илкова, е избрана за член на Комисијата за одликувања и признанија, заедно со уште 5 други членови и претседателот на комисијата – Марјан Ѓуровски. Името на оперската пејачка можете да го сретнете доста често, особено како изведувач на химни на митинзите и другите јавни собири кои ги организира СДСМ.

Ова година на конкурсот на Министерство за Култура на Македонија, оперската пејачка Весна Ѓиновска – Илкова конкурирала со старо-нов проект за одржување на „јубилеен солистички концерт по повод 25 години од нејзиното постоење на оперската сцена“. И додека незадоволството од одлуката на Министерство за Култура покажаа многу културни дејци, Весна Ѓиновска – Илковска од Министерство за Култура годинава добила парични средства во износ

Извадок од списокот на средства кои се оделени за проекти оваа година од Министерство за Култура. На списокот кој е јавно достапен може да се најде името на оперската пејачка после кое стои назначена голема сума на пари.

од 600.000 денари. Доколку го погледнете списокот на средства од буџетот кои се распределени во знак на поддршка на Министерството за Култура за пријавените проекти на овогодинешниот конкурс, ќе видите дека овој проект на оперската пејачка Ѓиновска, е еден од најсолидно финансираните проекти.

Во годишната програма на Министерство за Култура од 2018 година повторно се појавува името на Весна Ѓиновска – Илковска. Тогаш СОЈУЗ НА МУЗИЧКИ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА-СМУМ со доставен проект до Министерство за Култура за циклус на концерти меѓу кои и концерт на оперската пејачка Весна Ѓиновска – Илковска добил одобрување за користење на средства во висина од 40.000 денари. Уште поинтересен податок е тоа што во тоа време Весна Ѓиновска била е член на Советот за култура при Министерството за Култура. Дали тоа значи дека за својот концерт оперската пејачка, го советувала министерот да одобри средства, или уште по буквален превод на ова бизарна ситуација би бил – сама на себе си доделила средства?

Список на членови на комисијата за одликувања и признанија, меѓу нив и името на оперската пејачка.

Разликата помеѓу двата случаја во кои Весна Ѓиновска – Илковска се јавува како апликант директно или како корисник на средствата посредно, е огромна. Во првиот случај имате 600.000 денари за јубилеен солистички концер, само еден на број. Во вториот случај имате цикслус на концерти на реномирани оперски пејачи, пред кои стои СМУМ како апликант, а висината на одобрени средства е смешна во споредба со првиот случај.

Заплетот на приказната почнува со откривање на фактот што во 2018 година, оперската пејачка Весна Ѓиновска – Илковска била повторно избрана за член на Советот за култура при Министерство за Култура. Членовите на Советот имаат мандат во времетраење од 2 години, што значи дека Весна Ѓиновска е актуелен член на Советот кој има удел во одлуката на министерството при прераспределба на средства за годишните проекти. Тоа значи дека член на Советот за култура дава суд и препорака за апликациите. Весна Ѓиновска како член на Советот за сопствениот проект си дала суд, или попластично кажано сама на себе си одвоила 600.000 денари. 

Фактите со кои располагаме на увид не наведуваат да го поставиме прашањето – Дали во случајот со Весна Ѓиновска постои конфликт на интереси? Прво бидејќи таа е член на комисијата за одлики и признанија, потем и член на Совет за култра, а од друга страна фигурира како апликант на листата на Министерство за Култура за кој е оделен скоро па најголем дел од средствата. Случајно ли е тоа што таа се појавува како „грлото на СДСМ“ за секој нивен партиски собир и ја пее химната на за нив „Северна Македонија“ и тоа што и се „потрефило“ да биде член на една од најреномираните комисии и совети и да биде на врвот на платената листа од Министество за Култура за годишните проекти? 

На ова видео доколку премотате 18 минути, ќе го погледнете настапот на оперската пејачка Весна Ѓиновска на претседателската кампања на СДСМ, на која ја пее химната на Македонија. 

 

Автор: Стојмановиќ Магдалена 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...