По 20 дневните воени вежби на полигонот "Криволак" армијата на САД во Европа објави дека тренирала со војници од Армијата на Република Северна Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 8:57

СКАНДАЛ: За армијата на САД веќе сме војска на Северна Македонија!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од 1-ви до 20-ти август на Армискиот полигон “Криволак” се одржуваа вежбовни активности на припадниците на вооружените сили на САД во соработка со Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана на Македонија

Од Министерството за одбрана соопштија дека во првите пет дена припадници на вооружените сили на САД со два хеликоптери од типот “Блек Хок” ќе изведуваат обука и гаѓање со воздухопловни оружја и истите ќе заминат по извршените гаѓања додека во останатиот период припадниците на вооружените сили на САД ќе реализираат гаѓања со користење на пешадиско оружје од мал калибар – против тенковско оружје и друго пешадиско оружје како и квалификација за автоматската пушка М240Н која се користи во повеќето армии на земјите – членки на НАТО.

Од министерството за одбрана беше истакнато дека армискиот полигон “Криволак” бил сертифициран од страна на 7-мата команда за обука на копнените сили на САД за можноста за користење на полигонот и од страна на воздухопловни единици на воените сили на САД.

Но според видеата кои ги објавува Армијата на САД тие на “Криволак” немале воени вежби со Армијата на Република Македонија туку со Армијата на Република Северна Македонија. Во сите објавени видеа на каналот You Tube од страна на вооружените сили на САД во Европа стои дека тие имале соработка со војници на Северна Македонија кои припаѓаат на Армијата на Република Северна Македонија.

Шекеринска сеуште е министер на министерството за одбрана на Република Македонија?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.