Обезбедувачот рече дека за да ги пушти новинарите на седницата и да чекаат во ходникот требало писмено известување, кое не било стигнато.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2019 11:28

Скандал: Новинари избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Половина час откако почна седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, се појави обезбедување и ги замоли новинарите да не чекаат во ходникот, објави порталот ЕКОНОМСКИ ЛИДЕР.

Обезбедувачот рече дека за да ги пушти новинарите на седницата и да чекаат во ходникот требало писмено известување, кое не било стигнато.

Обезбедувањето од МВР на новинарите кои седеа во ходникот и чекаа да заврши седницата, откако претходно не беа пуштени, им рече: „Тргни ги новинарите, ми кажаа“.

Претходно, портпаролот Јане Николовски, прокоментира дека не му е јасно кој ги пуштил новинарите во зградата, кога ќе имало изјава по седницата.

Претседателката на дицсиплинската комисија Валерија Анастасова се расправаше со новинарите и рече дека не е дозволено да присуствуваат на седницата на која се расправа за одговорност на инспекторот Илиевски.

Дисциплинската постапка е закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја покрена Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски,.

Извор Економски Лидер

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.