Последното задолжително поместување на часот на летно сметање ќе биде во недела, на 31 март 2019 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 6:22

Следната пролет е последното поместување на стрелките на часовникот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Последното поместување на стрелките на часовникот ќе биде во март 2019 година, а потоа секоја земја членка на ЕУ ќе мора да одлучи дали ќе остане на летно или ќе се врати на зимско сметање на времето, наведоа од Европската комисија.

Во анкетата на Европската комисија учествуваа 4.6 милиони луѓе и повеќето од нив се изјаснија против поместувањето на стрелките на часовникот.

“Мора да престанеме со поместувањето на стрелките на часовникот.” – порача претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

Според предлогот на Европската комисија, секоја членка до април 2019 година би требало да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето.

Последното задолжително поместување на часот на летно сметање ќе биде во недела, на 31 март 2019 година.

Членките кои сакаат да се вратат на зимско сметање на времето може да направат уште едно, последно полугодишно поместување, во недела, на 27 октомври 2019 година.

По тој датум, полугодишните промени веќе нема да бидат возможни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести