Светскиот Македонски Конгрес, соопшти дека побарале од Државната изборна комисија вештачење на избирачките списоци од 22 населени места каде се полнеле кутии

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 11:49

СМК бара вештачење на избирачките списоци од 22 населени места

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Светскиот македонски конгрес побара од Државната изборна комисија да изврши вештачење на Избирачките списоци на 22 места каде воглавно живее албанско население.

Набљудувачката мисија на СМК констатира дека одѕивот на референдумот е 22 отсто, а бројот до 36,9% е резултат со полнење кутии од вооружени банди и партиски членови во населените места каде мнозинството се Албанци, Турци, Роми и Македонци со исламска вероисповед. – рече претседателот на СМК, Тодор Петров.

Тој истакна дека резултатите од референдумот за промена на името на државата ги сметаат за фалсификат. Додаде дека СМК и натаму отфрла промена на Уставот и ратификацијата на договорот со Грција заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

Во согласност со членот 19 од Законот за референдум, за иста одлука, со истите прашања, Собранието не може да гласа пред истекот на рокот од две години, од денот на одржаниот референдум. –  додаде тој.

СМК поднел и приговори до ДИК за нерегуларности за време на гласањето на референдумот, но оттаму не добиле повратен одговор.

Петров бара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министрите и пратениците кои гласале за договорот со Грција и за одлуката за распишување на референдум, поради сторени кривични дела против државата и нацијата.

СМК, исто така, бара и конфискација на личниот имот на нивните семејства, во Македонија и светот.

Бараме оставка од министерот за внатрешни работи, бидејќи на 30 септември го блокира влезот на десетици автобуси од провинцијата на наплатните рампи во Скопје, со 2 до 3 часа детален претрес на патниците со образложение дека бараат оружје и бомби. – рече Петров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.