Синоќешниот протест пред објектот на Собранието на Македонија, уште еден од низата апели да запрат уставните измени за формирање нова држава, додека не е доцна

Објавил: Мартин Попоски | 19 ноември, 2018 5:54

Режимот од Муртино мора да падне

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На синоќешниот народен протест пред објектот на Собранието на Македонија, се обрати и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, кој му порача на Зоран Заев дека е време да си замине.

Мора да падне режимот од Муртино, порача Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес на протестот пред Собранието против уставните измени.

„Не чекајте команда за акција, на секое место пружете отпор кон Владата. Овој режим од Муртино мора да падне. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името и идентитетот“. – истакна Петров.

Тој рече дека СМК поднеле кривична пријава против премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и 80 пратеници кои гласале „за“ уставните измени за кривични дела против нацијата.

„Бараме поништување на одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието и амнестија за 27 април“. – рече Петров.

Тој апелира до пратениците од опозицијата да не бидат статисти во Собранието. Го спомена и експремиерот Никола Груевски и рече дека е жртва на политички прогон.

Повика на блокирање раскрсници и штрајк низ цела Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.