Човекот кој го напиша Уставот на Македонија, а потоа и Рамковниот договор и неговите амандмани, сега ќе беседи колку е убаво да се викаме Северна без македонски народ

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 10:38

Советникот од ВМРО – ДПМНЕ, Поповски главен оратор за Преспанскиот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владо Поповски, советник при Советот на Град Скопје од ВМРО – ДПМНЕ, денес ќе е главен оратор за промоција на Преспанскиот договор и поддршка за уставните амандмани.

Улогата на пофални зборови за укинување на државата чиј устав го пишуваше ќе го сподели со колегата Фрчкоски а гостин ќе им биде премиерот Зоран Заев.

Владо Поповски патем е професор на Правниот факултет во Скопје и македонски политичар.

Поповски бил министер зa одбрaнa, министер зa прaвдa, и директор (основaч) нa Агенцијa зa рaзузнaвaње нa Републикa Мaкедонија, како и член на Советот зa безбедност нa Републикa Мaкедонијa.

Во 1991 годинa бил член нa Стручнaтa групa којa го подготвила текстот нa Уставот на Република Македонија, онаа истата за која вечер ќе беседи дека треба да е Северна.

Поповски богатата политичка кариера ја заврши како советник во Советот на град Скопје, иако е вредно да се напомене фактот дека мaгистрирaл нa темa: „Политичките институциии и општествено-политичките системи нa Стaрa Грцијa“. Докторирaл нa темa: „Национално-политичкиот профил на македонското-ослободително движење до ТМОРО“ со што се стекнaл со докторaт по историски нaуки.

Професор д-р Влaдо Поповски бил еден од тројцата автори на работниот текст на Уставот на Република Македонија донесен на 17 ноември 1991 година, како и еден од тројцата овластени застапници на претседателот на Киро Глигоров, како предлагач за донесување на нов Устав на Македонија, во постапката за негово донесување пред уставната комисија на Собранието на Р. Македонија и во постапката на самото тоа Собрание.

Исто така, Поповски бил еден од двајцата советници на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски при донесувањето на Охридскиот рамковен договор и еден од двајцата негови застапници во постапката пред уставната комисија на Собранието и пред самото Собрание при донесувањето на амандманите на Уставот на Р. Македонија предложени од претседателот Трајковски врз основа на Охридскиот рамковен договор.

На двајцата споменати претедатели на Репбулика Македонија, како и на премиерот Никола Груевски, извесно време, им бил советник за правни и политички прашања.

Во два мандати бил член на Советот за безбедност на Р. Македонија од редот на членовите што ги именува претседателот на Републиката.

Во Владата на Република Македонија два пати бил министер за одбрана (1992 – 1994 година и 2001 –  2002 година), и министер за правда (1994 – 1997).

Поповски бил прв директор на Агенцијата за разузнавање на Р. Македонија (1997 – 1999 година) во кој период таа била основана и формирана како посебна установа во правниот и институционалниот систем на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести