Исто време ќе не следи и во текот на работната недела

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 7:31

Сончево и потопло време со температури до 36 степени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер претежно од северен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 25 и 36 степени а УВ индексот ќе изнесува 8. 

Во Скопје не очекува слично време со утринска температура до 17 а максималната дневна ќе достигне 34 степени Целзиусови. 

Во наредните дена ќе за задржи слично време и висок индекс на УВ зрачење. Минималната температура во вторник ќе биде во интервалот од 12 до 20 степени а максималната од 30 до 37 степени.

Во среда утринската температура ќе се движи меѓу 13 и 21 степени а максималната од 31 до 38 степени. И двата дена индексот на УВ ќе изнесува 9. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...