Нови драстични промени со кои ќе следи големо невреме - снег и студ на Балканот кои кај нас ќе пристигнат од понеделник

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 7:48

Сончево и топло време а попладне дожд и грмежи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Моќниот циклон кој се развива над Џенова и кој го носи името “Бруно” веќе овој викенд донесе “големо невреме” на Балканот а со себе ќе спушти и значително постуден воздух од северните географски широчини.

Како ќе поминува овој циклон над европските и италијанските алпи поврзан со студениот воздух врнежите од дожд ќе поминуваат во врнежи од снег со што овој викенд европските алпи ќе го добијат и првиот снег и снежна покривка.

Снег ќе падне и на највисоките планини на балканот и тоа во Словенија.

Хрватска од вчера веќе го почувствува овој циклон со големи врнежи и засилен ветер во Истра кое се спушта кон континениот дел па за неколку дена се очекува и кај нас.

Во Македонија позначителен пад на температурите на воздухот и северен ветер ќе има во текот на ноќта недела кон понеделник за кога е најавена најголемата промена на временската состојба кај нас како и позначително количество на дожд како и појава на локално невреме со град.

Денес од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд грмежи и засилен ветер.

Нестабилно на многу места со поројни врнежи од дожд грмежи и засилен ветер ќе биде и во понеделник кога локално ќе наврне и поголемо количество на воден талог (над 30 л/м2 воден талог).

Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд електрични празнења силен ветер и појава на град.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени особено од понеделник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...