Тој сакаше и спаси млади животи а самиот го загуби својот

Објавил: admin@magazin | 15 јули, 2018 18:53

Сопругата на нуркачот кој загина спасувајќи ги момчињата во пештерата во Тајланд со емотивни пораки за својот сакан

Фото/Текст извор: ©магазин

Пред три дена успешно заврши мисијата за спасување на дванаесетте момчиња и тренерот од пештерата во Тајланд, но за жал, едно лице го загуби својот живот обидувајќи се да му помогне на заробениот тим.

Станува збор за Саман Кунан, нуркачот кој почина во пештерскиот комплекс откако остана без кислород. Додека луѓе од целиот свет му се заблагодаруваат за несебичноста и помошта, неговата сопруга со емотивни пораки и скршено срце се збогува со својот сакан.

На Instagram, Валипоан Кунан сподели фотографии со храбриот херој и напиша: „Те сакам премногу. Ми недостигаш. Ти си моето срце… Отсега кога ќе се будам… кого ќе бакнувам?“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.