Тој вели дека ја разбира болката на малиот Петар кој исто така беше киднапиран па ослободен и оти тоа е болка со која ќе живеат цел живот.

Објавил: Весна Петровска | 31 октомври, 2019 18:28

Сопругот на Лепа Брена проговори за грабнувањето на синот: Tаа лузна ќе ни остане целиот живот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Слободан Живојновиќ, сопругот на Лепа Брена потсети низ што поминало неговото семејство кога беше грабнат синот Стефан. Тој во 2000 година беше киднапиран од страна на Земунскиот клан и беше ослободен по неколку откако платија милионска сума.

Тој вели дека ја разбира болката на малиот Петар кој исто така беше киднапиран па ослободен и оти тоа е болка со која ќе живеат цел живот.

Апсолутно ги разбирам родителите на Петар.Мојата фамилија се соочи со истото пред 19 години. Тоа се тешки работи и таа лузна ќе ни остане до крајот на животот.

Стефан Живоиновиќ, синот на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, беше киднапиран пред 17 години од пред семејната куќа на Бежаниска коса.

Стефан, кој тогаш имал осум години, дури сега проговори за тоа трауматично искуство.

-Се плашев дека тоа ќе ми бидат последните денови во животот. Не отидов на летување, па да бидам опуштен. Имав само осум години, но бев свесен за опасноста. Чувствував неописилв страв. Тука си каде што си, не знаеш што ќе се случи. Во еден момент само се помирив, бидејќи сфатив дека не можам ништо да сменам, изјавил Стефан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.