Сарачини: Се надевам дека бевме достојни на предизвикот

Објавил: admin@magazin | 2 јуни, 2018 0:56

Со Алаѓозовски заминува и Сарачини

Фото/Текст извор: ©

Петрит Сарачини заминува од Министерството за култура заедно со министерот Роберт Алаѓозовски. Тој беше ангажиран како посебен советник во кабинетот на Алаѓозовски.

„Беше привилегија и чест да се биде во служба на граѓаните и нашата земја, во значајни времиња на ослободување од авторитарен, насилен, криминален националистички режим и нормализирање на државата. Се надевам дека бевме достојни на предизвикот“, напиша Сарачини на социјалните мрежи.

Сарачини се заблагодари на поддршката која ја добил во изминатите месеци, а била насочена кон заложбата за инклузивна култура за сите. Тој беше ангажиран во Министерството за култура пред една година по покана на Алаѓозовски, со кого се познавал 25 години.

Според познавачите на состојбите во Министерството за култура, меѓу вработените се чувствувала порелаксирана работна атмосфера со смената на Алаѓозовски и најавата за заминување на Сарачини, кои биле главни виновници за стравот и тишината која владеела меѓу вработените, но и за хаосот со реализацијата на Годишната програма. За голем број одобрени проекти од Годишната програма на Министерството за култура се уште не биле добиени договори. Потписниците на проектите се жалат дека никогаш во минатотот не се чекало до јуни за да добијат договори кои ќе им овозможат услови за започнување на реализацијата на одобрените проекти.

Како посебен советник на Министерот за култура, токму Петрит Сарачини е меѓу главните виновници за сериозните пропусти на службите на министерството.

Неодамна беше дел од протестот на новинарите, а неговите контроверзни изјави предизвикаа лавина реакции кај јавноста.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија