Лажна вест е дека пратеничката Даниела Рангелова изјавила на социјалните мрежи дека е против уставни измени, прашање е зошто не демантирала или потврдила?

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 11:04

Со лажна вест Рангелова прикажана како лојална на ВМРО?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Актуелната пратеничка од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и актуелна претседателка на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, Даниела Рангелова, никогаш не изјавила на социјалните мрежи дека нема да поддржи уставни измени.

Имено во синоќешното спонтано обраќање на актуелни пратеници од ВМРО – ДПМНЕ одекна и името на Рангелова, во чие име од лажен профил, некој постирал лажна вест, во која Рангелова како и нејзините колеги потсетува дека ќе ги почитува Уставот на Република Македонија и граѓаните кои ја бирале и дека никогаш нема да прифати или гласа за уставни измени.

Објавата на ФБ која синоќа излажа многумина не е напишана ни од Рангелова ни од еден од нејзините два ФБ профили.

Но на официјалниот профил на Рангелова, и службениот и приватниот, веста која е отворена за јавноста ја нема.

Очигледно претседателката на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ, која беше една од гласно именуваните можни поддржувачи на уставните измени во Законодавниот дом, не најде за сходно да демантира дека изјавата не е нејзина, но и да постира сопствена ако се согласува со содржината од истата.

*Даниела Рангелова е актуелен претседател на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ и го извршува вториот мандат како претседател на УЖ, за првпат е именувана во 2013 година година.

Истата година станува и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ. Рангелова е дипломиран политиколог.

Била советник е во Советот на општина Центар во период од 2009 до 2014 година.

Избрана е за пратеник во Собранието на Република Македонија во 2014 година, по втор пат е избрана на изборите во 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести