петок, 3 мај 2024

MK/ EN/ DE



Годинава на Галичката свадба зет и невеста, ќе бидат Огнен Караѓозовски, по потекло галичанец и Марина Петровска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јули, 2019 15:10

Со повеќе од 30 обичаи Огнен и Марина ќе ја крунисаат својата љубов- ова се младенците на годинешната Галичка свадба (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото WebOhrid

Oд 12 до 14 јули ќе се одржува традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“.

ФОТО Курир
Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба: чукањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи, кои полека изумираат но кои во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото. Во Галичник сега живеат само два житела , но на Петровден има над 5000 посетители и туристи кои доаѓаат да ја гледаат оваа Галичка свадба.

Годинава на Галичката свадба зет и невеста, ќе бидат Огнен Караѓозовски, по потекло галичанец и Марина Петровска.

Инаку парот беше избран од Месната заедница Галичник.

Својата љубов младенците ќе ја крунисаат низ сите обичаи кои ги наложува Галичката Свадба.

Со речиси триесетина обичаи Марина и Огнен ќе го одбележат својот незаборавен ден: одење по вода, изведување на ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот се само дел од нив.

Галичката свадба или Петровденската Галичка свадва — манифестација која се одржува секоја година на Петровден(12 јули) во селото Галичник на Бистра. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е со најмногу сватови. Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.

 

Извор: ГостиварПрес

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.