Претседателот на Грција, Павлопулос, од Солун појасни дека Заев дал ветување за брзо имплементирање на Преспанскиот договор и Грција очекува да си ја исполни обврската

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 6:21

Со Преспанскиот договор се уредува само промената на името

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По немоќта на Заев, да ја испорача имплементацијата на Преспанскиот договор час поскоро, се јави и безгласната буква во грчкиот политички систем, претседателот Павлопулос.

Претседателот на Грција, во изјава, посочи дека во основа Преспанскиот договор го уредува само новото име на новата држава на Балканот, додека другите членови се само формалност и фарса. 

Според Павлопулос, најбитно е Грција да добие “сопствеништво” на името и термините поврзани именката “Македонија”.

Се стремиме кон пријателски и добрососедски односи и во пракса покажуваме дека поддржуваме членство во НАТО и Европската унија, но за тоа предуслов е решавање на прашањето со името согласно историјата и меѓународното право, а само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент. -порача претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос од Солун.

На свечениот ручек во негова чест, Павлопулос се осврна и на т.н. грчки национални прашања, а меѓу нив и спорот со името.

Нашата соседна земја треба да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а пред сe во нејзиниот Устав. И навистина, ја презедоа оваа обврска. Според тоа, очекуваме да ја исполни.

Само кога конечно ќе заврши целиот овој процес и штом се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да постои покана за членство во НАТО, како и каков било почеток на разговори, во однос на пристапниот процес на ПЈРМ кон Европската унија. Исто така, само тогаш ќе може да се финализира и содржината и според меѓународното право, правилното толкување на Договорот меѓу Грција и ПЈРМ за да дојде за ратификација во грчкиот парламент. – рече Павлопулос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.