Спасовски влезе во пред референдумска кампања и почна да плаши мали деца со сили кои делуваат ама сепак биле минорни

Објавил: Мартин Попоски | 23 август, 2018 13:31

Спасовски плаши мали деца: “Постојат сили кои сакаат референдумот да не успее”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дали Спасовски со ова јасно става до знаење дека секој кој ќе гласа против или ќе го бојкотира претстојниот референдум е сила која сака да наруши безбедноста во државата?

“Во пресрет на референдумот ситуацијата во земјата е стабилна – институциите функционираат иако постојат сили кои гледаат шанса преку нарушување на безбедноста да остварат некакви свои цели да се спротивстават на нашето членство во НАТО и во Европската унија.” вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и констатира дека сепак тоа се минорни сили кои не можат да придонесат за дестабилизација.

По што политички го рекламира референдумот.

“Значи граѓаните на Република Македонија имаат можност на 30-ти септември да донесат самостојно одлука за иднината на оваа држава.” нагласува Спасовски.

Геостратешката положба на Македонија посочува министерот носи одредени ризици и предизвици но тие се превенираат меѓу другото и со добро функционирање размена на податоци и искуства со пријателските служби со кои соработува Република Македонија.

“Верувајте дека Република Македонија има многу пријатели кои помагаат пред се да ја одржиме стабилноста во државата да се гарантира безбедноста – целовитоста на државата.” – истакнува Спасовски.

За тврдењата дека странски служби се обидуваат да “роварат” пред референдумот и за руско мешање во “македонските работи” Спасовски вели дека Македонија има јасен став – национален витален интерес да стане членка на НАТО и на ЕУ и не сака да се мешаме во работите на други држави ниту од регионот ниту пошироко но нема да дозволиме некој да и наметнува свои интереси.

“Ако разговараме за тоа дали ставот на Русија е дека Македонија не треба да биде членка на НАТО – да и тоа е нивен став. Меѓутоа наш јасен став национален витален интерес за Македонија е да стане членка на НАТО и на Европската унија. Да! Ни се случуваат одредени групирања на политички структури на поединци итн. кои сакаат да се спротистават на интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Да има такви структури има такви поединци во Република Македонија кои сметаат дека заради задоволување на некакви свои лични интереси би го искористиле моментот за да се спротивстават на членството во ЕУ и НАТО а на таа сметка да добијат некакво свое конто на политичка популарност.” – истакнува Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.