Спасовски и Заев интимно си "шупотореле" за оставка на министерот за внатрешни работи, а истата не била "прифатенa" затоа што Заев и не протолкувал што е морал и етика

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 15:09

Спасовски понудил оставка, Заев не гледа морална “грешка”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Заев се огласи за можната оставка на министерот за внатрешни работи, Спасовски и зошто таа не е објавена до денес.

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле открива дека министерот Оливер Спасовски разговарал со него за оставка, како чин на морална одговорност, по бегството на осудениот поранешен премиер Никола Груевски во Унгарија.

Заев истакнува:

Оливер Спасовски разговараше за тоа со мене. Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности.

Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст. 

Јас не гледам таков пропуст. Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно поднесена. – вели Заев.

Премиерот Заев би требало да се консултира со стручни лица што е морал и дека во морална одговорснот нема проблем а ни пропуст.

Моралот се толкува како систем од норми за однесувањето на членовите на едно општество или како свест на човекот за должностите и волја, готовност за примање и извршување задачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.