Србите собрани во Звечан биле нападнати од припадници на КФОР и косовската полиција.

Објавил: Македонка Димкин | 29 мај, 2023 19:37

Србите на Косово нападнати од КФОР?

Фото/Текст извор: ©магазин

Двајца Срби се ранети од огнено оружје за време на конфликтот во Звечан, изјави за РТС државниот секретар во Министерството за одбрана на Србија, Немања Старовиќ.

Тој посочува дека еден од нив е во многу тешка состојба.

„И голем број наши сонародници кои мирно протестираа, а тоа се гледа по тоа што седеа на асфалтот пред да започне интервенцијата на КФОР, многу од нив беа полесно повредени, додаваат оттаму.

Доктор Златан Елек, директор на КБЦ во Косовска Митровица, за „Новости“ вели дека повеќе од 50 граѓани дошле во оваа здравствена установа со повреди од шок бомби, гумени куршуми и боева муниција, откако Србите собрани во Звечан биле нападнати од припадници на КФОР и косовската полиција.

Иако од видео снимките се гледа дека КФОР ги турка протестантите кои мирно седат на патот , сите светски медиуми под раководст о на САД објавија дека Протестантите ги нападнале војниците на КФОР.

Повторно се манипулира со светската јавност исто како што се манипулираше со Русите во Украина кои од 2014 па наваму беа малтретирани и убивани од украинските власти.

Очигледно е дека САД после неуспехот да го симнат Ердоган се решени сега да направат ново жариште на балканот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.