Косово доби војска, специјалните сили на КФОР масовно се распоредуваат на северната граница, претседателот на Србија објави копнена безбедносна зона за следните три дена

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 12:40

Парламентот ги усвои законите, Косово доби војска, Србија на готовс

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот парламент ги усвои законите кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово.

Во Парламентот влегле и неколку идни војници.

Првиот закон што е усвоен се однесува на трансформација на КБС во Министерство за одбрана, а вториот закон се однесува на трансформација на КБС во вооружени сили.

Со усвојување, пак, на третиот законт формално правно е завршена процедурата за формирање косовска војска, пренесуваат српските медиуми.

Дописникот на РТС јави дека законите се донесени по скратена постапка и едногласно.

Српските медиуми денешниот ден за Косово и Србија го означија како „Денот Д“.

Истовремено припадници на КФОР се распоредени на мостот што ја дели Косовска Митровица на северен и јужен дел, додека хеликоптери на НАТО ја надлетуваат Приштина.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во следните три дена ќе биде во копнената безбедносна зона.

САД и Германија го поддржаа формирањето на косовска војска, а ЕУ и НАТО се против, пишуваат српските медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.