Србите од северните делови на Косово мртвите и новородените ги регистрираат во институциите на Република Србија а не непризнаено Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 13:19

Србите од северно Косово не ги пријавуваат родените и починатите лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Агенцијата за статистика на Косово (АСК) во својот последен извештај за демографските движења во земјата објави дека во косовските институции нема речиси никакви податоци за бројот на родени и починати во северните делови на државата населени со мнозинско српско население.

Србите воопшто не се пријавуваат во косовските матични служби и се претпоставува дека тоа го прават во соодветните институции во Србија.

Во извештајот на АСК насловен “Проценки за населението во 2017-та” се наведува дека “во случаите на раѓања и умирања кај српската заедница дел од нив се регистрираат додека другиот дел посебно во општините во северниот дел на Косово не ги регистрираат односно не известуваат за случаите на новородени и починати”.

“Според природниот прираст на српската заедница во другиот дел од Косово и во регионот бројот на непријавени новородени и починати е речиси еднаков (со нешто поголем степен на починати) но АСК во овој извештај не врши проценка за таа заедница за непријавените (нерегистрирани) случаи бидејќи нема изразена статистичка отстапка а која нема да влијае на проценетите податоци на општинско ниво и дотолку повеќе на државно ниво.” – се вели во извештајот на Агенцијата за статистика на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.