Имено Стеван кој стана еден од милениците на македонската публика со коментарите од преносите на мечевите на ракометарите на Вардар од Фајнал форот во Келн, стана татко на машко дете.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 септември, 2019 15:39

Српскиот коментатор кој ги бодреше вардарци стана татко

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сигурно ги паметите спортските коментатор од “Арена Спорт” Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, српските коментатори кои едногласно со македонската публика навиваа за македонскиот ракометен првак Вардар.

Српскиот коментатор стана татко, го доби синот Јаков 

Имено Стеван кој стана еден од милениците на македонската публика со коментарите од преносите на мечевите на ракометарите на Вардар од Фајнал форот во Келн, стана татко на машко дете.

Тој среќната вест ја објави на неговиот Фејсбук профил.

– Се роди Јаков Стевановиќ. 55 см и 3.300 г. Браво за храбрата мајка Вања Стевановиќ – напиша Стеван.

Стеван заедно со својата сопруга Вања дел од летниот одмор го помина во Охрид и го посетиле местото каде пред неколку години ја побарал за жена својата љубена.

Имено во ексклузивно интервју за нашиот портал по победата на македонскиот првак Вардар, двајцата извонредни коментатори кои од срце навиваа за Македонија, изјавија дека такво прекрасно чувство никогаш не доживеале во нивните срца. Го опишаа македонскиот народ како нај прекрасен народ и дека другите земји треба да се огледаат на Македонија.

Македонците се еден прекрасен народ со многу љубов. Толку многу ми се допаѓа народот во Македонија, што препорачувам и други земји треба да се огледаат на нив колку многу се топли и колку многу љубов има во нив. Македонците имаат скромност и искрено се израдуваа на еден голем успех кој го направи Вардар, изјавија за Магазин српските коментатори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.