-Денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 март, 2021 15:38

Стигна втората пратка од вакцината Спутник В

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска пристигна втората пратка од вакцината Спутник В.

-Денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.

Првата пратка вакцини преку Ковакс механизмот, стигна рано утринава на скопскиот аеродром. Станува збор за 24 илјади вакцини од „Астра зенека“ со кои од среда треба да почнат да се вакцинираат најризичните категории граѓани. Процесот ќе се спроведува во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Први за вакцинација ќе бидат 20 илјади луѓе коишто се први над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направенa дистрибуција што значи дека ќе се спроведе во вакциналните пунктови. Во однос на количините и следните чекори, имавме добри вести вчера и од ЕУ, во април треба да пристигнат и други вакцини од Кина“, изјави министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...