И во 15 часот не започна одложениот почеток на Седницата на Собранието на Македонија за уставните измени, пратеникот Иван Стоиљковиќ, на креативен начин ја опиша атмосферата

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 16:10

Стоиљковиќ: Собранието e како сточен пазар

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Никако да започне продолжението на собраниската Седница со точка на дневен ред, пристапување кон уставни измени, но затоа во Собранието на Македонија, пазарење со “пратенички” гласови како на “зелено пазарче”.

Од пратеничките групи информираат дека веќе не се знае кој на кого што нуди, само да се обезбеди неговиот глас во поддршка за уставните промени. 

Од извори внатре во Собранието дознаваме дека на владејачкото мнозинство му фалат гласовите на уште 4 пратеници за да биде изгласан предлогот за уставни измени.

Додека сите чекаат, пратеникот од Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ, објави пост: “Собранието e како сточен пазар.”

Пред еден час пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Антонијо Милошоски, во собраниската прес-сала, придружен со дваесетина пратеници на партијата, гo повика спикерот Џафери да ја стави на дневен ред точката гласање за уставни измени, за да виделе дека немаат мнозинство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести