Во претстојниов период, Македонската ракометна репрезентација ја очекуваат два квалификациски натпревари, против селекциите на Турција и Грција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јуни, 2019 14:08

Стојанче Стоилов опериран- за среќа се помина како што треба, капитенот се чувствува добро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонската ракометна икона Стојанче Стоилов веднаш по враќањето од Турција замина на итна операција која ја најави уште пред неколку недели.

Стоилов е капитен на Р.К ВАРДАР кој по втор пат со својот тим ја освојува титулата Европски првак. Стојанче Стоилов е роден на 30 април 1987 — македонски ракометар кој настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото, а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.

Во претстојниов период, Македонската ракометна репрезентација ја очекуваат два квалификациски натпревари, против селекциите на Турција и Грција.

Како што објави порталот „Спортмедиа“, македонскиот репрезентативец денеска е опериран во „Аџибадем Сиситина“ и засега нашиот македонски херој се чувствува добро.

Капитенот на македонскиот ракометен шампион, Столе Стоилов веќе подолг временски период има проблеми со менискусот по што неизбежна беше операцијата, но сепак тој уште еднаш покажа колку е храбар и покажа дека со сето срце го сака својот клуб Р.К ВАРДАР, и одлучи покрај здравствените проблеми со коленото да настапи против Турција, каде одигра храбро, машки без да се штеди.

Капитенот Стоилов уште еднаш покажа зошто фаовите на ВАРДАР, го сметаат за икона на македонскиот ракомет и ја заслужува сета почит.

Столе го очекуваме подготвен за стартот на подготовките со Вардар, за новата натпреварувачка сезона.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести