Според гувернерот, ситуацијата е под контрола, а најлошото е минато.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 1:57

Страотна експлозија во складиште за муниција во Русија: Осум повредени, евакуирани над 2.300 лица, воведена вонредна состојба!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во регионот Рјазан во Русија е воведена вонредна состојба поради пожарот што избувна денес во воениот магацин, објави гувернерот на регионот Николај Јубимов!

– Сега најважно е да ги заштитиме луѓето. Веќе е воведена итна ситуација во регионот – рече Јубимов, пренесува прес-службата на регионалната администрација.

Според гувернерот, ситуацијата е под контрола, а најлошото е минато.

Гувернерот додаде дека никој не загинал во пожарот, пренесува „Новости“.

Претставник на регионалната служба за итни случаи рече дека има повеќе од 110 магацини со ракети и артилериско оружје на територијата на воени магацини во регионот Рјазан.

Според него, дел од муницијата била на отворено се додека не избувнал пожарот.

Шефот на територијалниот оддел за медицинска катастрофа за Спутник изјави дека бројот на повредени при експлозиите во воените магацини се искачи на осум лица, од кои петмина останале во болниците!

Тој додаде дека немало сериозни случаи, освен едно женско лице, за кое беше објавено порано.

Претставникот на Службата за вонредни состојби посочи дека за населението кое е евакуирано од опасната зона, определени се пет места за привремено сместување со капацитет од 610 лица.

На едниот сега се сместени скоро сто луѓе, вклучително и 18 деца.

Руското Министерство за одбрана известува дека три гасни воза се вклучени во гаснењето на пожарот во магацинот.

Заменик министерот за одбрана на Русија, Дмитриј Булгаков, заедно со експерти, пристигна на местото на пожарот, изврши увид на територијата и ја процени ситуацијата. Булгаков претходно го прегледал регионот од хеликоптер Ми-8!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...