Во сообраќајката со тешки повреди се здобил Б.М.(18), сопатник од мотоциклот, а возачот С.М. бил полесно повреден.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 јуни, 2019 13:10

СТРАОТНА НЕСРЕЌА: Тешко повредено 18-годишно момче на моторцикл во судир со автомобил!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вчера вечер во Скопје, сопатник на мотоцикл бил тешко повреден, а возачот полесно кога со мотоциклот со кој се возеле се судриле со автомобил.

Како што известија од полицијата, тешката несреќа се случила во 21.30 часот на улицата Цветан Димов.

Автомобил марка „опел вектра“, кој бил управуван од Б.Х.(38) од Скопје се судрил со мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски таблици, управуван од С.М.(30) од Скопје.

Во страотната сообраќајка со тешки повреди се здобил Б.М.(18), сопатник од мотоциклот, а возачот С.М. бил полесно повреден.

Двете лица биле итно пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана медицинска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Возач се здобил со тешки повреди, а 19 лица се полесно повредени во две од вкупно 23 сообраќајки во изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Во девет сообраќајки била причинета голема материјална штета. Од сообраќај биле исклучени 25 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 39 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и девет возачи почетници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...